1ви април – Денот на шегата: Историја, хумор и креативност

1ви април – Денот на шегата-историја, хумор и креативност!

За 1ви април, да внесеме малку хумор во нашиот дигитален разговор за Денот на шегата! Замислете ја сцената: Ное, изморен од долгите денови на арката, одлучува да испрати гулабица над  брановите, само за да види дали поплавата се стопила. Помислил дека крајот на светот е позади нив! Ное и неговата фамилија се пресретнати кога гулабицата се враќа на брод. Имено, таа ги известува дека катастрофата се случила на 1ви април! Токму на денот на шегата. И така беше роден денот на шегата – момент на искреирани настани!

Легендата за поврзаноста на Денот на шегата со времето на „Ное, арката и гулабицата“ е чисто популарна и фолклорна приказана, наместо библиски преглед.

Поврзаноста со библиските настани потекнува од обичаите . Луѓето во народните верувања и приказни се врзуваат со библиски ликови и случувања .Тоа се всушност „ново-компонирани сегменти за малку забава и весело расположение.“

Сега, кога сцената е поставена со  хумористичен влез, може да продолжиме со останатите интересни сознанија за 1ви април, Денот на шегата!

Постоењето на приказната за потеклото на 1ви април-Денот на шегата, може да се пронајде и во древниот Рим, каде шегите ги одбележувала пролетната рамноденица. Поточно, празникот на „Лареталиите“ се одржувал блиску до ова време од годината и бил познат по својата веселба и шеги. Лареталија буквално се преведува како „жртви на божеството Ларес“. Овој празник бил од големо значење за Римјаните од причина што почитувањето на Ларес било поврзано со заштита и благосостојба на домовите и семејствата.

Луѓето користеле хумор да се забавуваат и да се чувствуваат поблиски еден до друг. Целта е да се подобри комуникацијата и секако да се намали напнатоста и стресот.

Оттука, поврзувањето со 1ви април, денот на шегата може да се направи преку идејата за заштита и благосостојба. И двата празника ја имаат основната цел -да ја обезбедат благосостојбата. Иако тоа го прават на различни начини-едниот преку верски обреди и жртви, другиот преку хумор и социјални интеракции.

Без хумор, човекот ризикува да ја пропушти можноста да се смее дури и на сопствените грешки и неуспешни ситуации. Во крајна линија, може да го пропушти највкусниот зачин на животот – смеата, дури и ако се служи со најгорките лекции. Секогаш е придружено со чувство дека сѐ ќе биде во ред.   

Легендите наскоро се сливаат со митологијата.

Персефона во грчката митологија е ќерка на Зевс и Деметра (божица на земјоделието) која неочекувано била киднапирана од богот Ад-владетел на подземниот свет. Ад сакал да ја направи своја жена. Според митот, кога таа си играла на ливадата со нимфите, земјата одеднаш се отворила и се појавил богот Ад. Легендата раскажува дека ова било нешто неочекувано и забавно затоа што во митологијата обично се очекуваат сериозни причини и драматични очекувања.

Ова е вистинско сознание дека дури и митологијата има влијание во областа на хуморот. Можеби самата митологија имала потреба од малку забава низ серозните случувања?!

Во еден период,  Денот на шегата бил и ден за Новата година. Но, со воведувањето на нов календар, некои се противеле!  Оттогаш шегите се ограничени само на првите 12ет часа од денот. Ова не го заборавајте!

1ви април нека биде забавен… Но, и одмерен за да не биде од типот на шеги кои популарно се нарекуваат „несолени шеги“!

За илустрација, еве ја прво-априлската шега oд јавен карактер. Имено, Би-Би-Си во далечната 1980та година, објавил дека култниот часовник во центарот на Лондон, Биг Бен, ќе добие модернизација и ќе се замени со дигитален. Шегата воопшто не поминала добро меѓу публиката. Медиумот дури морал и да се извинува на своите гледачи и слушатели. – според вебсајтот The Museum of Hoaxes

Како и да е, забавувајте се,радувајте се, смејте се!

извор1

извор2

пишува Ромина Марковска