Денес е светски ден на кавијарот – Еве како започнала приказната за овој луксузен деликатес

светски ден на кавијарот

18ти јули, секоја година се слави Денот на кавијарот. Овој ден во светот е сервиран  како „свест за изворот за храна и прослава на деликатес“.  Инаку најдобриот кавијар  има бисерно-сива боја и се добива од икрата  на рибата есетра , една од најстарите риби на Земјата. Директните предци на современата есетра се шетале во реките дури и во ерата на диносаурусите.

kavijarot

САД  во околу 1900 година,  дистрибуираа годишно 600 тони есетра. Поради прекомерното собирање на рибата есетра за кавијар, САД извесно време го забрани риболовот за да ја заштити рибата од исчезнување. Населението воопшто не се опорави од оваа забрана и сето тоа резултираше со статус на кавијарот како луксуз.  

Кавијарот е деликатес, а неговата популарност потекнува од уникатниот вкус и високата цена. Традиционално се консумира во мали количини како дел од прославите на посебни прилики и важни настани во различни култури.

Луѓето, таму некаде во светот се плашат дека кавијарот ќе исчезне и обезбедуваат мерки за заштита и одржлива употреба на овој прекрасен деликатес.

cavijarot

А ние овде, на балканските простори славиме уште еден пазарен ден со вечна дилема во изборот:„пиперки или домати или… не мора ништо, прескапи се! Па и со буковска пипер ќе си поминиме нели?