,,Јавувачот” – Трилер сензација што ќе ги полуди читателите на ваквиот жанр!

„Book House“ е модерно и урбано книжевно катче во Битола. Урбано место и простор со автентичен потпис на староградска култура во кое може да се задоволат сите жанровски книжевни апетити. Јуле, сопственичката на оваа веќе позната локација, ни предложи книга која навистина ќе ги фасцинира љубителите на психолошки трилери. Имено, станува збор за ,, Јавувачот” од Крис Картер.

Нешто за авторот:

јавувачот книга трилер

Крис Картер е вистинска трилер-сензација, па како што кажавме, за љубителите на ваквиот жанр оваа книга би била вистинскиот избор. Познат по својот маестрален пристап кон креирање, талентираниот автор знае да завладее со читателот. Напнатост, бурна атмосфера и исчекување се само дел од емоциите кои вријат низ воздухот со секое вртење на нова страница…
…Со „Јавувачот“, вели издавачката куќа,, Сакам книги” – Картер докажува дека е надарен писател и вешт познавач на човековата психа и криминалната природа. ,,Јавувачот” е роман чии страници се вртат со зашеметувачка брзина на филм!

Имено „Јавувачот“ ја доживеа својата премиера изминатиов месец и во Скопје, а со неа се истакна и насловот: „Јас сум смрт“. И двете книги се дел од серијалот „Роберт Хантер“,

Неговите изданија, досега во Македонија се продадени во над 10.000 примероци за релативно краток период од околу две години.

Покежуал инфо за писателот:

Меѓу другото, типчево е стварно кул и изгледа живее стотка на саат. Но, така можеш да живееш само ако знаеш што сакаш. Епа сега, Картер некако менувал професии, па дали е точна претпоставкава… Хм… Како и да е, Крис е роден во Бразил, а по завршувањето на средното образование оди во САД, каде студира психологија со специјализација за криминално однесување. Откако си поработил како криминален психолог неколку години, сфатил дека нешто не му „штима“ и ваљда се разбудил со мисла дека животот е многу краток, па се одлучил за друг афинитет. Ок, тука сме. Почнал музичка кариера, станал профи гитарист.

Али ова е позитивно. Кога човеков има толку идеи во живот, замислете колку идеи има на парче хартија.

Хард кор и типот иди даље. Се откажува од музика и конечно сфаќа дека е роден писател. Веќе неколку години тој ја владее професијава и има полно работно време како писател.

„Јавувачот“ и,, Јас сум смрт“ – Must have книги за сите љубители на овој жанр.