Летното уредување на домот, претендира да создаде чувство на просторност и светлина. Ограничен е бројот на декоративни елементи со што се задржува дизајнот како едноставен и функционален.
За свеж и чист изглед на просторот, акцентот во изборот на бои е ставен на бела, крем и беж боја.
Менувајте ја постелнината
Она што првично го прави домот светол и чист, е редовното менување на постелнината. Новата постелнина значи дека оттука стартува импулсот на енергија во изобилство на „плусови и аплауди “ на секој дом.
Збогувајте се со тешките зимски завеси
Доколку сакате да го постигнете ,,ефектот на лето” во вашиот дом, збогувајте се со тешките зимски завеси. Изобилството на светлина ќе продре низ нежна, мрежеста и летна завеса што би можеле да ја одберете во разиграна боја која дополнително ќе поттикне топлина во ентериерот.
Декоративни перници
Како „амбасадори на комфор“, во летната разиграност, присутни се и меките и светли перници во што поголем број.
Создадете катче и имајте урбана оаза
Неизбежни „учесници“ во летната креација на домот се и саксиите со живо цвеќе и зелен лист за повеќе здравје, поголема хармонија и неизмерно задоволство и радост и во вашиот дом.
Уживајте во вашиот дом и создадете вистинска урбана оаза во која ќе се освежите, одморите и регенерирате во жешките летни денови.
за повеќе здравје, поголема хармонија и неизмерно задоволство и радост и во вашиот дом.
Само дома си е дома и во лето и во зима.