„Тајане Бојане“ – Згаснува ли оваа традиција денес?

tajane bojane tradicija

„Тајане, Бојане“ е традиционален обичај кој се практикува на големиот христијански празник „Иванден“ кога се слави раѓањето на св. Јован Крстител. За овој ден се вели: Сите природни води се свети и се отвораат  реките,  езерата  и чешмите кои ја повикуваат особено младата популација да го рашири звукот на светата вода во допирот со неа . Зборот „Тајане“ потекнува од звукот кој се слуша кога некој скокнува во реката, езерото или пак го плиска лицето со светата вода од маалската чешма.

Некогаш во Битола, „разиграната, млада дружина“ со нетрпение го очекуваше денот кога се прави адетот на „маалската детска свадба“ во која малите умни глави меѓу себе одбираа и зет и невеста и девер и кум  и сватови. Беше толку разиграно и весело и сликата ја надополнуваа земјените ѓумчиња налиени и преполни со вода од маалската чешма. Свекрвата истураше света  вода по невестата, бабата по зетот, за берикет и одекнуваше звукот на Тајане, Бојане.   

Тајане Бојане Бабам Битола

Фотографијата е превземена од babambitola.mk

А што се случува денес?

Се случува ли приказната на Тајане Бојане и денес низ градските маала? За жал, оваа прекрасна традиција полека згаснува иако би им аплаудирале на оние најупорни мајки, на секој татко, баба и дедо што успеале да ја сочуваат оваа прекрасна традиција на семејни вредности.

Останува да се надеваме дека барем на овој ден, ќе направиме нашите најмили да чувствуваат вистинското задоволство на она што се нарекува детство. Се надеваме дека ќе станеме свесни дека ние сме оние кои треба да им прнесиме љубов, желба, традиција и единствена приказна што се случува само во детството. И секако е многу надвор од паметните телефони.