,,Срце за Јенимаале” – Во Битола се пишува историја токму сега

,,Срце за Јенимаале” – Химната на ФК Јенимале потпишана од Валентин Соклевски

,,Битола и битолчани се моја вечна тема” – имаше изјавено во едно интервју текстописецот Валентин Соклевски. Неговата и наша Битола се споменува во околу триста негови песни. Автентичен, со емотивен текст и маестрална умешност да долови приказни, Соклевски навистина е најплодниот наш битолски текстописец. Со право – брилијантен.

Неговото перо и овој пат испишува историја….
И додека сите ја гледаат, анализираат и на еден начин им смета онаа малечка црна пајажина во широкиот пејсаж кој се гледа од ширум отворениот прозорец, ФК Јенимале продолжува да гледа кон хоризонтот. Кон убавото, кон вистинските вредности. Кон љубовта внатре во тимот, но и љубовта кон Битола, кон нашата земја.

Имено, пред неколку дена се одржа гала вечерта, каде клубот со бројни гости и поддржувачи ја сподели радоста од она што тие денес го пишуваат. А несомнено, пишуваат историја. На гала вечерта, беше промовирана химната за клубот ,,Срце за Јенимаале“, а Ламбе Алабаковски како и секогаш ја долови онаа вистинска емоција што навистина знае да испее од срце. Музиката и аранжманот се потпишани од Никола Мицевски, а ритамот останува да пишува историја.

И веројатно ова нема да биде само химна за фудбалскиот клуб. Туку ќе биде химна на една од најстарите населби во срцето на Битола, во Јенимеле.

Колку ја сакаме нашата песна или која е нашата песна? Со кое срце пееме и колку имаме широки гради за да го кажеме она што го мислиме.

Во продолжение, слушнете дел од песната и прочитајте го текстот.