Секој ден сме различни. Понекогаш стануваме ,,на лева” нога, па цел свет ни е виновен. Понекогаш пак сме толку расположени, позитивни што мислиме дека може планини да преместиме! Но, што всушност треба да направиме?
Секогаш да го следиме планот, а не расположението!
Лошото расположение, ќе не натера да се откажеме, а преголемиот адреналин од убавото расположение може да не доведе до нереални очекувања и подвизи. Ништо од тоа не би резултирало со успех. Во продолжение прочитајте уште неколку совети што се надеваме ќе ви одзвонуваат целиот ден и дополнително ќе ве мототивираат:
–Потсети се да живееш и додека си зафатен со преживување!
-Размислувај како што размислува личноста која сакаш да станеш еден ден!
–Не може да знаеш се и немаш време за се! Не се распливнувај и фокусирај се на она кое го умееш и кое го сакаш!
-Една година е составена од 365 можности.
–Запрашај се себе си: ,,Дали ова што го правам денес, ме доближува до она што сакам да бидам утре?”