Скокаат во реката и со пливање си заминуваат од работа – Европски град со чудна навика

Во овој европски град луѓето скокаат во реката после работа и пливаат назад дома

Жителите на Базел имаат посебен стил. Имено, доколку имате прилика да прошетате низ овој град, немојте да се чудите ако ги видите со т.н. Wickelfisch (водоотпорна торба). Но, зошто водоотпорна? Имено, тие имаат чудна навика. Не сакаат да пешачат, па си заминуваат од работа со пливање низ реката Рајна. Така, во оваа торба всушност ги складираат своите работи и деловниот аутфит и пливаат.

„Некои тврдат дека на овој начин сакаат да се релаксираат после работа, а други сакаат да го избегнат сообраќајниот метеж во градот со околу 170.000 жители.“ – пренесуваат медиуми.

бизнисмен плива во реката

И замислете го само кадарот. Колеги во деловни костуми излегуваат од установата и одеднаш започнуваат да се пресоблекуваат и така како некои суперхерои под нивниот „бизнис кодекс“ кријат бикини, костими за пливање. Но, изненадува фактот што температурата во градот не е многу висока, околу 26 степени, па не сме сигурни дали тие сакаат да пливаат или да го избегнат метежот, или едноставно да се забавуваат. Инаку, Рајна се карактеризира со многу брз и непредвидлив речен тек кој им се препорачува само на најдобрите капачи. така што ако сакате да пливате во неа, тоа го правите на ваш сопствен ризик.

Погледнете го видеото во продолжение и ѕирнете како тоа изгледа во пракса.

Извор