Скокаат банџи и се качуваат до Монт Еверест само за да го кажат судбоносното „ДА“

Ако до сега сте мислеле дека свадбите во нашите простори се необични, можеби се лажете. Судбоносното „Да“ насекаде си има процедура. Па земање на невеста, знамиња, зурли, „О тешкото“, па бричење на зетот, па кумот да ја заигра невестата и т.н. Но, што се случува со оние „необичните“ кои сакаат да излезат од клишето и стереотипот и малку да „полудуваат“. Нивното е циркуз или нашето?  

Банџи скокање

Како да и бракот самиот по себе не е банџи. Жив ризик! Имено, за оние кои не знаат, а веруваме дека нема такви (особено оние кои веќе се во брак), банџи скокањето е екстремен „спорт“ и не е за оние со слабо срце. Но, сепак шегата на страна, постојат такви парови кои сакаат да го изговорат судбоносното ДА на ваков начин! Значи скокаш и викаш: „Дааа!“

А зошто да не до активен вулкан?

Па можеби кога си толку блиску до активен вулкан, си велиш што може да биде полошо од ова? Веројатно овие младенци веруваат дека во миговите кога понатаму во нивниот заеднички живот ќе имаат одредени „нормални“ расправи кои се составен дел од бракот и т.н. и т.н. , ќе се сетат на тој вулкан и ќе сфатат дека никогаш не биле на полошо место, па така нивната расправија ќе стане малечка ситничка… Или… Сепак не!

На врвот на Монт Еверест

Зошто да е едноставно кога може да биде сложено! Зошто долу, кога може горе? И такви препотени, си велите „Да“ и сфаќате дека авантурата може да започне.

А што би рекле за „She said yes“ во некоја опседната куќа

За фотографија им е или што? Понекогаш луѓево не се јасни. Имено, имало и такви парови кои вопшто не се плашат од духови и обожаваат хорор жанрови. Исто сакаат барем еднаш да се најдат во таков филм. А зошто да не е тоа токму на нивната свадба? Значи, за информација псотојат замоци и т.н. опседнати куќи низ светот кои претставуваат еден вид туристички атракции за овие „лудиве“ по адреналин. Таков пример е хотелот Стенли, кој го инспирирал Стивен Кинг да ја напише „The Shining“. Ова е најпопуларната дестинација што ја симболизира институцијата „брак“. И само што ќе си речете дека од ова нема полошо, сфаќате дека започнува забавата наречена „Брак“!