Стресно време, се плашиме да живееме, деновите сѐ некако ни поминуваат брзо, часовите летаат… Безброј планови, а на крај нa недела нити еден од нив остварен. И пак Понеделнички одново во истата шема. Планови, стрес, обврски. Планови, стрес, обврски!
Убаво е да сонуваш, но до каде си со планот да реализираш?
Време е да се разбудиш, да ги отвориш очите и така со широк фокус да започнеш од ново. Што се крие зад цела таа поспаност? Поспаност на соништа, поспаност на емоции, на планови. Нити кафето понекогаш не е брендиран култ и спас за душата, па никако човек да се разбуди.
Сте се запрашале ли дека можеби се плашите да живеете? Обврски, работа, сметки, притисок од општетсвото, лоши вести за земјата, црна хроника за светот, нехуманост, времето е облачно, политиката… Да, токму тоа ни поминува низ глава кога помислуваме на стрес. Епа, ајде малку обратно… „Она што е нормално за пајакот за мувата е хаос!“ Од тука, нормалното е илузија! Ќе бидете пајак или ќе заглавите во неговата мрежа?
Стравот е единствениот фокус во кој е заглавена нашата ментална проекција и не може да излезе од таа мрежа што да се разбереме влијае од сите страни над сите аспекти. Виртуелната реалност, реалноста како што некогаш ја знаевме и секогаш оние токсични луѓе кои „рандом“ знаат да ни го попречат патот.
И како што некој рекол:„Само затоа што ќе умреме, не значи дека не треба да живееме!“
Затоа, драги… Ослободете се од стресот, одберете страст, емоција, борба, љубов, емпатија, цел, успех. Бидете оган и почнете да се качувате, скокате, паѓате и повторно станувате. Едноставно… Разбудете се!