Секое утро го започнуваме со убава мисла. Најпрво заблагодарете му на срцето што чука, на сонцето и Бог, а потоа разбудете се, уживајте во вашето утринско кафе и започнете го денот со позитивни реченици, мантри, реплики кои не случајно ги читате:
-Запомнете:,,Не” понекогаш значи нова можност!
-Не дозволувајте грдотијата кај другите да ја расипе убавината кај вас!
-Денес фокусирајте се да бидете барем малку подобри од вчера!
-Не секогаш ви е потребен план! Понекогаш е потребно само да земите воздух, да издишите, да верувате и конечно, да ги пуштите нештата па видете што ќе се случи!
-Не дозволувајте ситници да ја рушат вашата среќа!
-Секој ден е Ваша втора шанса!