Психолозите откриваат: Во кои години сме најсреќни?

Обврските и брзиот начин на живот, не тераат да се запрашаме дали всушност сме среќни и дали имало некој период, години во кои навистина сме биле ослободени од стрес, постојана работа, токсични мисли и она брзо,, трчање” кон целта.

Иако претпоставките велат дека можеби детството е оној најбезгрижниот и најсреќен период или можеби младоста е онаа во која бевме најослободени од грижи, во прашање е нешто друго. Друг период кој според студии, вели дека 36 е бројката на години кога сме најсреќни.

Психолозите откриваат или објаснуваат дека периодот на нашето детство е длабоко втиснат во нашите спомени бидејќи тогаш се во прашање првите спомени, првите познанства, другарувања игри. Потоа, нешто подоцна, во дваесеттите мислиме дека ни било најубаво бидејќи тоа е исто така првиот период кога се чувствуваме ослободени, но и самостојни. Првите излегувања во паб, првиот бакнеж, па дури и првите неуспеси. Тогаш за прв пат го осознаваме светот и токму поради тоа тие спомени секогаш ни се свежи и мислиме дека се најубави.

Но, нешто после 30 години, ние стануваме зрели, велат псохолозите. Конечно знаеме што сакаме и сме искусни во поглед на минатото зад себе. Но, како до нови најубави години?

Како поентирање, психолозите заклучуваат:

,,Дури и во подоцнежна возраст, можете да создадете важни спомени. Разведете се, откажете ја работата, оддалечете се… Еве можност за нови спомени – се пошегувале авторите на студијата и додале: – Но, не мешајте ги незаборавните спомени со мудроста. Со други зборови, возрасните треба да си ги полнат животите со нови искуства, без претерување. Разновидноста е главниот зачин на животот“, заклучуваат психолозите и уште еднаш додаваат: ,,Сметаме дека во овој период од животот ќе има позитивни случувања – можеби средување на кариерата и семејните и пријателските односи, или физички и когнитивен врв, но и некои значајни предизвици. “

извор