,,My name is Medeja” во режија на Себастијан Хорват донесе уште една награда за Битолскиот Народен театар. Станува збор за наградите на 57мото издание на македонскиот фестивал ,,Војдан Чернодрински” – Прилеп. Во продолжение прочитајте ги наградите.
1. НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ – САШО ИЛКОВСКИ.
2. НАГРАДА ЗА МУЗИКА – ДРАГО ИВАНУША.
3.НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА – ИЛИНА ЧОРЕВСКА.
4.НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА – СЕБАСИЈАН ХОРВАТ.
5.НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ ВО ЦЕЛИНА СЕ ДОДЕЛУВА НА ПРЕТСТАВАТА “MY NAME IS MEDEJA” ОД МИЛАН РАМШЕК МАРКОВИЌ, ВО РЕЖИЈА НА СЕБАСТИЈАН ХОРВАТ, ВО ИЗВЕДБА НА НАРОДЕН ТЕАТАР – БИТОЛА.
Имено околу претставата My name is Medeja“, драматургот Рамшак Марковиќ ќе рече:
,,Тоа е претстава за женската моќ. Главната хероина, економска мигрантка од Балканот која заминала во Швајцарија, е вклештена помеѓу немилосрдната и безлична бирократија, од една страна, и расипаноста на поранешниот маж, од друга. Медеја се бори, но секој чекор што ќе го направи како да ја турка сѐ подлабоко кон дното и соочувањето со поразот. Во моментот на целосна немоќ, таа сепак пронаоѓа надеж, но надвор од координатите во кои се движела дотогаш (митска омнипотенција/тотална немоќ) – откривајќи дека вистинската сила секогаш се наоѓа во односот со другите. Твојата болка не е само твоја, исто како што и твојата борба не е само твоја, “
Годинашново жири што одлучуваше за наградите на фестивалот е во состав: Јанко Љумовиќ, Милош Латиновиќ и Мирослав Мики Радолиќ.