,,После 40тата, тој шо пропуштил во животО, купва порше и цаури” – Сашо Паркети во југото на Мими

Сашо Паркети во југото на Мими

Во град кај шо горе долу сите се знајме, можда и нема потреба за големо интро и претставување на гостинот на емисијата на Мими која со задоволство ја поддржуваме. Имено станува збор за Сашо од добро познатата група Паркети кој денес е гостин во југото на Мими.

Иначе Паркети, од само појавување, напрај вистински рокенрол земјотрес на македонската и пошироката музичка сцена.

Идејата за бендот се појавила уште кога Сашо и Симсо биле деца, а со нивните први појавувања овие убај чоечиња кои со гордост кажуваме дека се битолчани, стварно напраја попара во клубската музичка урбана сцена. Уникатни, вистински, штосни и без феик умишљавања. Вистински рокенрол бренд!


Шосторе како брчи југото… – лабаво си почна муабето во југцето. – Стара технологија.. Јас мислев Дизел то да ти било југо!
Се насмеа Сашо, а после и во негов стил  додаде:,,Најнова застава! Како во пасат да се возиш! Стварно… Филинго е дизел. “

Сашо сподели оти возел фиат на времето, а стоедното го дале за ИЧ пари. Сеа стварно му е криво оти барем за на кафе ќе му вршеше работа, али то е то.
Натаму, се постави и прашањето од типот:

,,Стар ли е Сашо од Паркети за в теретана?” Нешо околу тоа гостинот фала богу се пофали оти има енергија ,,…Ми врие крвта шо викат ама ете, не сум за в теретана!

Ко сме кај годините, мајсторот на рокенрол, си кажа оти можи е во ,,мидл ејч крајс”, и оти сега е ваљда моментот кога треба да си купи некое порше оти така прат обично.,,Тој шо пропуштил се во живото, на овие години ќе земи едно порше ќе си купи и после то ќе цаури!”

Во разговорот се спимена и искуството и неговата кариера како таксист.

Нема лага, сите знајме од кај сме, шо сме. Да не се прајме покондирени и то шо не сме. Сите си имаме јако ,,СИВИ” , па не дај боже некој да ни прочита шо имаме се работено. Косата ќе му се крени. Имено она шо ние би го рекле за Сашо е то шо стално ни се бендисва неговата искреност. Сподели и дека работел и како градинар и поткажа и некој штос и финти околу та работа. Стално позитивен, ведар и се разбира талентиран и пак позитивно откачен. Сашо Паркети во југото на Мими. Да не гњавиме, видете го подолу видеото и уживајте во новата сезона на Мими.