Околу осаменоста

Многу често луѓето се чувствуваат неисполнети. Изненадувачки факт е што не се осамени само мирните, повлечените карактери. Осамени се и оние кои се чести гости на повеќето од забавните случувања и имаат поведение на луѓе што постојано се шегуваат, се смеат… Така, добиваме впечаток дека ним им е се „полно и рамно“, но дали е тоа така ?

Статистиките покажуваат нешто сосема поинакво. Овие луѓе сепак се плашат емотивно да се врзат за некого. Во континуитет се држат на дистанца иако тоа не е забележливо на прв поглед од причина што постојано се опкружени со многу пријатели, но сепак длабоко во себе страдаат. Она што е добиено како универзална информација е податокот што зборува дека повеќе патат интровертните личности за разлика од екстровертните. Тие претпочитаат поминато време во мирна атмосфера и бавење со активности кои им создаваат задоволство. Тоа е сосема во ред затоа што се чувствуваат исполнети и го прават она што им дава радост. Всушност ваквите луѓе и не се осамени.

Од друга страна , екстровертите не се чувствуваат добро кога се сами. Зборот „акција“ за нив е основа на живеењето и истовремено се гладни за комуникација и подготвени на авантура. Едноставно, така функционираат.

А кое е решението?

Потребно е да разбереме дека сѐ она што го живееме прави да се чувствуваме добро во својата кожа, тоа е тоа. Најважно од се е да не се удавиме во сопствените мисли кои не негираат како убави, успешни и паметни, повеќе или помалку. Важно е да сме во играта на животот што носи смисла, учи од сопствените искуства, знае точно што бара и најважно од се, секогаш знае да балансира.

Автор: Р.М.