Минималистичкиот тренд од 90 тите е повторно актуелен . Популарно наречената kitten peta не го покрива глуждот и е посакуван како сандала.
Малата пета со максимална висина од пет сантиметри го осигурува неповторливиот комодитет и секако во комбинација со лелеави пролетни здолништа или џинс панталони, прави да се чувствуваме слободно и полетно. Овој модел е присутен во колекцијата пролет/лето 2023.
Чистата линија дава впечаток на едноставна елеганција, а ние веруваме дека токму во едноставноста е убавината.