Трендот за внатрешен дизајн – 2023 е мотивиран од органските форми како карпи, школки , бамбусова трска.
Имено, боите се во нијанси на оние кои преовладуваат во природата како боја на земја, беж, теракота, окер, зелено – маслинести тонови и длабоко кафеави нијанси, до боја на кал.
Природата е возбудлива, внесете ја во домот и создадете инспиративен простор за творење.
Природната волна, ѕид од варов гипс, тулата е материјалот од кој е составена внатрешноста на домот. Денес, брзиот стил на живот води кон постојана трансформација на случувањата во секоја сфера на живеењето, дури и во просторното уредувања на домот.
Сега за сега, според овие трендови, стилскиот дом е спој на еколошка пристојност, естетика и практичност.