Често се наоѓаме во ситуација каде навистина посакуваме да им сме потребни некому, да не побараат, да ја пронајдат нашата адреса. Но, повеќе од јасно е дека тука е оној човечки инстинкт на снаоѓање. Па така, оние на кои им требаме ќе знаат да ја најдат нашата адреса.
Но, дали ние ја знаеме нашата адреса?
Го знаеме нивниот број, но никако да го запомниме нашиот. Епа ако го најдовте, запознајте се со оној кој ќе се слушните и со соговорникот на другата страна на слушалката. Запознајте го вашето второ јас и сфатете дека се започнува од почитта кон себе. Кон својот идентитет и своите верувања.
Патот кој води до оваа цел, започнува од чувството на рамнотежа. Во прашање е практика на давање приоритети „на себе“ во скоро секоја сфера, момент или околност. Еве како би требало да ви течи „муабетот“ и што е всушност она што треба да го посоветувате тој „заспан“ човек во вас.
Верувај во своите ресурси – Првиот чекор, чувството на рамнотежа започнува со вербата во своите внатрешни ресурси за кои во голем дел сте самосвесни за нивното постоење. Ако пак не верувате дека ги имате, се лажете. Барајте ги, ќе излезат на површина.
Рационализирај ги своите мисли – Критичкиот и негативен внатрешен дијалог го блокира личното растење. Постојаното обвинување за секоја постапка не му остава простор на убавото да излезе на површина.
Апстрахирај ги стравовите – Престанете да бидете сам себеси непријател. Бидете му пријател на животот Бидете отворени за можности, оптимистички одлуки, слобода.
Не биди зависен од другите – Во вас има толку многу енергија која „ама никој и ништо“ не може да го стопира тоа движење кое секогаш одново се обновува. Затоа, понекогаш оставете им простор на другиите и не очекувајте го нивниот повик по секоја цена! Ако им требате, ќе ве најдат!