Luis Rohas Markos е шпански психијатар кој од 1968 година живее во САД и работи како професор при Њујоршкиот универзитет.
Професорот ги обработува темите кои се поврзани со психофизичката благосостојба и чувството на среќа. Во неговата нова книга насловена како „Оптимизмот и здравјето“ е прикажано она што науката го потврди и е поврзано со благопријатното и позитивно размислување кое секако влијае на здравјето и носи чувство на среќа.
Да размислуваш позитивно е всушност голема инвестиција во сопственото здравје. Зачестеноста на позитивното размислување од минута до минута во нашето секојдневие го подобрува расположението и реалноста станува порозова, всушност, ТАА Е РЕАЛНА.
Авторот ја истражува разликата помеѓу оптимизмот и песимизмот и доаѓа до заклучок дека песимизмот ги расипува односите со пријателите , блиските луѓе и семејството и ќе подвлече: „Низ годините, во животот и во светот на медицината, неброени пати сум се убедил дека начинот на којшто гледаме на нештата и начинот на кој ги толкуваме има огромно влијание врз нашите чувства , одлуки, постапки и судови. За да живееме исполнет живот, не е доволно да ги излечиме само болките кои не мачат и тиштат туку и да ги запознаеме и јакнеме поволните видови на својата природа и истата ни помага во мотивацијата, решавање на предизвиците и достигнување на целта.“