Матурската ноќ ,,ватната – ватна – невероватна”!
Ослабени, нашминкани, поцрнети, ,,липосукцирани”, затанчени, депилирани, измасирани, фризуросани, каменосани. А она по кое овА година ќе си ја памтиме, шлицосани! Витки тела да, али имаше и шкафој!
И се ок, ама шо е работата со мамичките и татковците? 21 век и уште се креват кредити, се трошат заштеди, се креира фустанот како Ријана шо го носела на оскарите, а секако тука е и Кардашијан како главна муза на новиве генрации. И така, само арно да ни е детето, се издишва на крајот и следи стандард нов притисок: „Кога свадба?“
Уште од сега се планира нов буџет и се креват кредити за брачедата од Лондон да се испрај до главната маса и стрината од назад трето колена шо не ни ја имаш видено во животО да ја пополни бројката од четирИстотиње гости. И пак депилации, фустани, стресој, пак „спа енд бјути” центри (или фабриките во кои влегваш ко клошар, а излегваш ко чоече шо вреди милион доларс).
Во кој е проблемот? Или до глата ни е!