Оваа Сабота, на 10ти Јуни, очекуваме уште еден имресивен културен настан. Како инспиративна точка што го следи модниот урбан кодекс, во просториите на КИЦ – Офицерскиот дом во Битола, ќе се одржи КРЕАТИВЕН ДЕН кој организаторите со автентичен опис го нарекуваат – линк меѓу образованието и бизнис секторот.
Нашата конзулска Битола ќе биде градот домаќин каде ќе се сретнат сите текстилни и модни училишта од државата, а токму битолската публика е брендот кој го препознава култот кон модата и дизајнот. Често не споредуваат за французите и нивните модни настани, со италијанските модели и перфекционистичкиот капацитет на препознавање на модната култура. Затоа, нескромно, би рекле дека Битола е совршена локација од која ќе се промовира и афирмира стилот, естетиката и креацијата како уметност и дел од културата како концепт.
Самиот авангард што го носат модните ревии од овој тип, значи пасионизираност, препознавање и валоризирање кон нашите брендови. Освен тоа, целта на КРЕАТИВЕН ДЕН е да им даде поддршка на стручното образование, поттик на претприемништво меѓу младите, вмрежување помеѓу модните активисти и акцентирање на нашите таленти и дизајнерски имиња.