Секогаш постои ризикот од губење на вашиот паричник. Тоа може да биде стресна ситуација, па затоа експертите советуваат никогаш да не ги чувате овие работи во вашиот паричник.
Сметки
Никогаш немојте да чувате било какви сметки во вашиот паричник. За тоа зборува Брендон Кинг, основач на Home Security Heroes, кој советува да не го правите тоа, затоа што токму тие сметки можат да бидат искористени за извлекување или крадење на информации за вашата банкарска сметка и трансакции.
Кредитни картички
Ни во овој, ни во оној случај, кредитната картичка не би помогнала. Ако ја носите истата, се разбира дека би можеле да паднете во искушение и да потрошите многу пари (Хм…се разбира ова особено важи за шопинг зависноста на припадничките на понежниот пол), а доколку гледаме малку посериозно, со кредитните картички и останатите документи, паричникот изгледа многу дебел, а со тоа ќе стане атрактивна мета за крадците.
Лозинки
Аларми, пин кодови, пасворди…Никако не смеете да ги чувате овие податоци. Причините се очигледни.
„Да се чува список на вашите лозинки, PIN-кодови или шифри за аларм во вашиот паричник е голем ризик за откривање на идентитетот, што секако му е најолеснителна околност на крадецот“, советува Кинг.
Клучеви
Многумина ги чуваат клучевите во нивниот паричник, но тоа не е добра опција. Фактот што во него ги чувате и вашите документи за идентификација, е уште еден „благодет“ за крадецот за полесно стигнување до вашата адреса, а таму…Таму веќе е лесно.
Ако ви се случи оваа непосакувана кражба на вашиот клуч, веднаш треба да ја промените бравата!