Кој управува со иднината – човекот или вештачката интелигенција? Како што напредува вештачката интелигенција со огромна брзина, ова прашање станува сè поважна точка на размислување. АI е во состојба да обработува огромни количини и да предвидува резултати со прецизност каква што човекот не може да постигне. Но, дали тоа значи дека дека иднината веќе не е во наши раце?
Кој управува со иднината е прашањето кое нè води кон размислување за балансот меѓу човечката свест и моќта на технологијата. Пример за тоа може да се види во медицината каде што Аi системите веќе дијагностицираат болести со голема точност. Системот Watson на IBM, на пример, им помага на лекарите во носењето одлуки за третман на пациенти. Но, на крајот на денот, тие податоци и анализи служат само како водич – лекарите ги носат финалните одлуки врз основа на своето искуство и човечка емпатија.
Познатиот футурист Ray Kurzweil еднаш изјавил: „Интелигенцијата е процес на хибридизација, каде луѓето и машините ќе станат тим.“ Ова значи дека иако АI ќе игра голема улога во нашата иднина, човечката креативност, моралност и интуиција сè уште се клучни за управување со светот кој го создаваме.
Технологијата ни дава нови алатки , но човекот е тој што ги програмира, насочува и контролира овие системи. Вештачката интелигенција може да ни помогне во донесувњето на одлуки, но моралните одговорности и интуицијата сè уште се наши. Во оваа сложена игра меѓу човекот и технологијата, крајната моќ сè уште лежи кај човекот.
Иднината не е запишана во алгоритмите – таа е создадена од нашите избори.
пишува: Ромина Марковска