Интернет земјотрес! – Ал Пачино повторно ќе стане татко на 83 годишна возраст

Постои ли старост или годините се само бројка и сето тоа зависи од тоа како ги гледаме нештата и колку го негуваме детето во нас? Се чини дека Ал Пачино го негува оној младич во него. Имено, денес медиумите полудуваат со соопштението дека светски популарната мега ѕвезда на 83 годишна возраст ќе стане татко. Најинтересно? Нур Алфала, неговата избраничка и идната мајка на синот на холивудскиот актер, е 54 години помлада од него.

„Познатиот актер Ал Пачино кој неодамна наполни 83 години и неговата избраничка Нур наскоро ќе го добијат своето прво заедничко дете.“ – Е насловот кој го „здрма“ интернетот.

Имено, Ал Пачино веќе има три деца од претходните бракови, а за еден месец ќе добие и четврто бидејќи Нур е бремена во осмиот месец, потврди и TMZ.

Нивната врска е позната речиси две години, кога почнаа да се забавуваат, а во април претходната година беа видени заедно во Лос Анџелес. – шушка друг магазин.

„Мислев дека ќе читам дека легендата нè остави и тој чека дете…“ беше еден од коментарите под вестите од таблоидите.

А ништо помалку, се слушаат гласините и за идната мајка, жена, кралица…

„Нур е дури 54 години помлада од Пачино, но ова не и е прва врска со многу постар маж, таа претходно имаше романса со Мик Џегер, милијардерот Николас Бергруен. Таа ја негираше врската со Клинт Иствуд, кога медиумите ги поврзаа пред неколку години“, пренесува nova.rs.

Таа беше видена и со ѕвездата на Inglourious Bastards, Ели Рот.

„Срцето не бара возраст, срцето само знае што чувствува“. Тоа беше мојата прва сериозна врска и бев многу среќна“, изјави еднаш Нур за врската со фронтменот на Ролинг Стоунс.

Да потсетиме дека Ал Пачино од претходните врски ги има ќерката Џули и близнаците Оливија и Антон, а неговото срце очигледно сеуште трага… Не дека и ние нешто шушкаме…