„Бегството од болка создава повеќе болка“! – Цитати кои ќе ви ги отворат очите

trauma detstvo

Велат дека многу од личноста се должи на она што е испишано на таа празна табла во првите години од животот. Она што ќе го стекнеме тогаш, е основа за тоа што ќе се случува понатаму. Во какви личности ќе се изградиме и какви ќе бидеме. Во однос на ова, би ги споменале траумите како составен дел од нечиј живот. Д-р Габор Мате е канадски лекар и автор кој е специјализиран за детската траума и нејзината поврзаност со зависноста. Зависноста и дисфункицијата се тесно поврзани со оние немили настани од нашето детство. Со оние несакани трауми кои сме ги поминале, а докторот сепак истакнува дека тие искуства од раното детство остануваат длабоко вкоренети во нас. Но, сепак Габор тврди дека истите можат да се променат.

Во продолжение, прочитајте неколку моќни цитати поврзани со оваа тематика од страна на докторот:

„Голем дел од она што го нарекуваме наша личност не е фиксен сет на особини, туку само механизми за справување што една личност ги стекнала во детството“.

„Способноста да ја почувствуваме сопствената болка е поврзана со нашите најдобри надежи за исцелување, достоинство и љубов“.

Обидот да побегнете од болката е она што создава повеќе болка“.

болка

„Она што изгледа како реакција на сегашните околности е всушност преживување на минатите емоционални искуства“.

„Најголемата штета предизвикана од занемарување, траума или емоционална загуба не е непосредната болка, туку долгорочните нарушувања што тие ги предизвикуваат во начинот на кој детето во развој ќе продолжи да го толкува светот и своето место во него“.

„Несвесно, ја пишуваме приказната за нашата иднина од наративи засновани на минатото.“

„Автоматското потиснување на болната емоција е главниот одбранбен механизам на беспомошното дете и може да му овозможи да преживее траума која инаку би била катастрофална. Несреќната последица е целосно отепување на емоционалната свест“.

„Срамот е најдлабоката од „негативните емоции“ и ќе направиме речиси сè за да не го почувствуваме. За жал, нашиот постојан страв од срам ја нарушува нашата способност да ја видиме реалноста“.

„Љубовта што родителите ја чувствуваат кон своето дете не значи автоматски искуство на љубов кон тоа дете.“

„Какви и да има надежи, желби и намери родителот, детето нема директно искуство на родителот како личност, туку на воспитување.“

„Кога се обидуваме да ја уништиме нашата ранливост, го губиме целиот свој капацитет да почувствуваме што било.“

„Ниту едно општество не може да се разбере себеси ако не погледне добро во сопствената сенка.“