Ако сте од оние кои преферираат елеганција, а пред се минималистички изглед, како на вашиот аутфит, така и во ентериерот, погледнете ги овие фотографии кои ќе ве инспирираат.
Доколку барате промена и веќе подолго време размислувате околу некое креативно дизајнерско решение кое комплетно би го трансформирало просторот, пробајте со црната боја. Надвор од стереотипот дека црната боја е мрачна, размислете околу нејзината автентичност и она што таа може всушност да го оживее. Зборуваме за урбаниот изглед кој со помош на деталите, вашиот дом ќе изгледа уште полуксузен, без разлика дали ќе се одлучите за винтиџ или можеби футуристички изглед.
Префинетиот однос кон домот ве дефинира и вас, говори за вашата личност и вашите погледи кон светот. Сепак, сето ова е прашање на вкус, па одлуката останува на вас.