И покрај дождливите денови кои верваме дека се зад нас, остануваме позитивни и стремиме да не го гледаме сивилото. Време е да му дадеме боја на животот. Но, се започнува од огледало. Тому таму се наоѓа оној лик кој ќе ве расположи, охрабри, инспирира.
Интересно е што некои психолози го делат мислењето дека се започнува од мигот кога ќе се погледнете во огледало. Како ќе изгледате вие таму и како ќе се почувствувате врз основа на она што ќе го носите, така и ќе се претставите. Модниот стил е уметност, па зошто да не внесете и вие дел од неа на вашиот аутфит. Инспирирани од ваквиот пристап, во продолжение погледнете неколку модни комбинации и полека започнете да го обојувате вашиот плакар во свежи пролетни и летни бои.