Маскарпоне – Слатко задоволство кое се топи во уста. Одичниот финиш на овој десерт ќе ви ја освои душата и ќе ги разгали сите ваши сетила.
Но, понекогаш не е потребно да го пробате овој фантастичен ексклузивитет, па во случајот ви нудиме рецепт за домашно маскарпоне. Најскапото сирење за колачиња: Ова е најевтината верзија со само две состојки.
Имено маскарпоне е едно од најскапите видови десертни сирења и претставува италијански рецепт. Истото се користи за приготвување на многу десерти, од кои секако најпознати се тирамису и чизкејк.
Ова кремасто десертно сирење се користи за подготовка на многу колачи без печење, а бидејќи е поскапо, многу луѓе го заменуваат со крем сирење. Во прдолжение прочитајте го рецептот за домашно маскарпоне и уживајте во уште една хедонистичка приказна.
Состојки:
– 400 мл павлака за готвење
– 3 лажици сок од лимон
А сега пуштeте италијанска канцона, засукавете ракави и уживајте во подготовката. Затоа што готвењето не треба да се сфати никако пoинаку, освен како уметност.
Истурете го кремот за готвење во тенџере и оставете да зоврие, а потоа додадете го сокот од лимон. Гответе додека смесата не се згусне со постојано мешање. Потоа ставете ја тавата во сад со ледена вода и оставете ја 10 минути.
Ставете сито во друг длабок сад или тенџере и покријте го со газа. Истурете ја смесата внатре и ставете ја во фрижидер 24 часа. Чувајте го во фрижидер во херметички затворен сад преку ноќ.
А потоа… Уживајте во автентичното кулинарско задоволство и се разбира, уште еднаш пуштете италијанска музика.