Виолинистот и пејач Петар Маркоски од Охрид е избран за Најдобар интернационален музичар, на Murex D’or, меѓународна церемонија
Брилијантниот виолинист и пејач Петар Маркоски од Охрид ја освои наградата најдобар интернационален музичар на Murex D’or. Имено, Murex D’ or е позната како The Golden Murex award -доделување на награди во Либан. Меѓународната церемонија ја создадоа Zahi i Fadi Helou во 2000 година како признание за достигнувањата во уметноста во Либан , регионот и целиот свет.
Струните на виолината на Маркоски се повеќе од моќ. Акордите на талентираниот Петар, се слушнаа дури во Либан.
„Разбуди се“ ги пронајде неговите изворни почетоци:
– Виолината е првиот инструмент на кој научив да свирам, но во одреден момент од животот настапував како пејач и гитарист. Тоа беше моментот кога прв пат почнав да снимам кавери-2009 година… Со текот на годините одев на часови по аудио и видео продукција што многу помогна во правењето квалитетна содржина. Мојата сопруга е таа што ги снима видеата , а јас ја работам постпродукцијата , што да кажам, ние сме одлична екипа.“
Неговите зборови се беспрекорен пример кои покажуваат и докажуваат како е да се биде повеќе од талент. Кога си синхронизиран и хармоничен со сродната душа , кога си вистински тим на соработка и љубов. А кога е тука и виолината, е тоа е уникатно патување во животот.