Величествена сала, неповторлив амбиент, аплауз и бескрајана почит кон целиот универзум на Ацо Шопов. Така беше синоќа.
Шопов е великан и едно од најзначајните имиња на македонската литературна сцена. Име со посебен потпис кое заслужува вечен наклон до земја. Тој е еден од основоположниците на современата македонска книжевност, а ние би рекле маестрална инспиративна загатка за секој уметник, автор, деец… За секоја публика.
Во негово име, во преполната Свечена сала на Офицерски дом-КИЦ Битола се одржа литературното читање на македонски и англиски јазик по повод стогодишнината од раѓањето на Шопов, насловено како: „Во книжевниот универзум на Ацо Шопов“
Настанот беше во организација на Педагошкиот факултет-Битола, Македонското научно друштво Битола и ЈОУ Културен и информативен центар Битола.
На почетокот на настанот,преку видео обраќање си обрати Јасмина Шопова, преведувач и толкувач на поезијата на Ацо Шопов, потпретседател на Фодацијата „Ацо Шопов- поезија“ и воедно негова ќерка. Настанот продолжи со настап на студенти при факултетот за учители, од АЈК И МЈК смеровите, кои читаа негова поезија, проза и критики, на македонски и англиски јазик. Настанот го водеше проф. д-р. Билјана Граматковска, а „главен виновник“ за настанот беше проф.д-р Силвана Нешковска.