Вива магента е бојата што ќе доминира во ентериерот. Прогласена за најуникатна урбана нијанса која би рекле дека го наоѓа своето место помеѓу црвената и розовота боја, таа се опишува како забавна, позитивна и весела.
Според институтот за бои Пантоне, за вива магента вели дека е неконвенционална нијанса за неконвенционално време.
Нијансираниот црвен тон го балансира топлото и ладното и претставува храбра, пулсирачка и бестрашна боја која го промовира оптимизомот и ја истакнува радоста.
Вива Магента исто така значи моќ, смелост и поттик за самоизразување без некој да не ограничува.
Доколку сакате промена, а истовремено ќе ги следите светските трендови, пробајте да дизајнирате со оваа жестока нијанса со нова димензија на страста и оптимизмот и добијте урбан лик во вашиот ентериер.