Одамна планирано излегување. Едвај најдоја кој да им ги чува децата. Се организираа баби, стринки, другарки за секој случај ако се уморат овие бабиве. Фудбалска утакмица шо ќе се гледа во локалните ресторанчиња. Од страна на мажот – онака лабаво испланирана вечер, со бириче и по некоја кикира. Од страна на жената…НИКОГАШ НЕМАМ ШО ДА ОБЛЕЧАМ!
Сопругот (МажО): Јас сум готов, до кај си?
Сопругата (женчето): Готова сум за пет минути.
Поминале 15 минути.
Сопругот (повторно): Рече за 15 минути, полсат помина.
Сопругата: Добро де, еве идам!
Сопругата (По 40 минути се гледа во огледало и зачудено констатира): Не, не, не! Не требаше да ја испеглам косата, ќе ја извиткам набрзина.
Сопругот (повторно): Шо напрај?
Сопругата: Еве идам пак ти, 2 минути не можи да почекаш. Уште лакот на ноктите да го сменам, ич не ми одговара. Со фенот ќе го исушам за побрзо, не ме форсирај.
Сопругот (повторно со позасилен тон на гласот): Заврна, ќе втури, ќе пука!
Сопругата: Добро де, со такси ќе одиме, голема работа. (И најпосле): Еве готова сум, чекај да се видам…Ауууу катастрофа жива сум! Ќе си го сменам фустанот и идам.
Сопругот: „Друг пат ќе излезиме, ако? Фудбало ми почна, прејако е, најуба ми си ко ќе се лутиш!
Сопругата: Whatever!