Бимилк понуди итна помош за општините Битола, Новаци и Могила поради настанатиот голем дефект на водоводниот систем.
Општина Могила веднаш ја прифати помошта и веќе заминаа цистерни за селата Мусинци и Добрушево.
Другите општини се во комуникација со БИМИЛК околу понудата за помош.
Оваа комапнија ќе ги опслужи делови во општините со санитарна вода по одреден распоред кој ќе го објават надлежните.
Во текот на денот, доколку има потреба ќе бидат испорачани дополнителни количини на санитарна вода и за останатите села, за кои што дополнително ќе ве информираме.
Истовремено, се испраќаат цистерни кон Клиничката болница и во уредот. Во акцијата на БИМИЛК се вклучија волонтери од Црвен крст кои помагаат логистички.