Лошите навики прават да се чувствуваме несреќно. За да го искорениме тоа чувство засекогаш, потребно е да работиме на себе. Тоа би значело да го впериме погледот длабоко во нас и да ја откриеме причината за бесот, тагата или лутината.
Трите лоши навики кои ја саботираат нашата среќа се лелекање, занемарување на себеси и одложување на обврските.
Лелекањето е број еден непријател на нашата среќа
Ништо не постигнуваме со лелекање. Напротив. Изразувањето на незадоволството не прави никаква позитивна промена. Она што е видливо е лош израз на лицето, фрустрираност и апатија.
Ако се запоставиме себеси
Ако се запоставиме себеси и во ниеден момент не можеме да ја видиме убавината на животот, ќе бидеме полни со лоша енергија и нема да бидеме во состојба да се забавуваме. Едноставно… ќе бидеме осамени. А тоа не го посакуваме нели? Затоа засукајте ги ракавите и работете на себе. Таа работа не е тешка. Ваше е само да го чувствувате животот.
За сето тоа така да биде, не ги одложувајте обврските!
За се тоа да биде така, не смеете да ги одложувате обврските. Тие се клучниот момент кој води до преиначување на лошите навики и создавање нови, свежи, полни со елан за живот. Кога бегаме од обврските, ние сме всушност психички слаби личности кои не се способни да се соочат со предизвиците на животот. Решавањето на предизвикот носи убаво, искуствено доживување кое не може да го доживее никој друг освен нас.
Автор: Р.М.