А сега, останува да бидеме храбри! – Што во овие тешки времиња!

А сега, останува да бидеме храбри! – Пријателски совети за овие тешки времиња!

Тажни времиња. Црна вистина. Колективна депресија.

Како да си помогнеме во ова време, кога ништо не пулсира? Мора да останеме свесни, присебни, храбри. Да собереме сили – полека, но сигурно – и да закрепнете. Еве неколку мисли што можат да ни помогнат во овие тешки денови…

А сега, останува да бидеме храбри! - Што во овие тешки времиња!

Бидете храбри!

Бидете храбри и погледнете му во очи на колективниот шок. Ако ви се плачи, плачете. Не задржувајте ја болката до лудило… знајте ја границата помеѓу стравот и безизлезот.

Прегрнете се. Претворете го стравот во борба со мракот.

Како да се справиме со стравот?

Сите се плашиме. Во главата ни одзвонува иста мисла: ,, Што ако ова ни се случи нам?! На нашите најмили?!” Стравот е нормален, но не го хранете, Отворете ја вратата и полека оставете го да замине… Не долевајте сол на раната. Не му давајте сила да завладее со вас.

Запомнете! Не му дозволувајте да го завладее прагот на здравиот разум. Ни треба да останеме здрави -за нас, за оние што останаа, за иднината што допрва ќе ја градиме.

Како да се зачуваме?

Пешачете. Движете се. Дишете длабоко. Разговарајте со пријателите. Најдете хоби – цртајте, пишувајте, трчајте, планинарете. Што и да е. Дефокусирајте се од темнината.

Времето не ја брише болката, но ја менува нејзината тежина.

Дајте време на времето. Нема да помине болката, но ќе се намали интензитетот на бодежот.

Не смееме да го заборавиме Бог во овие времиња. Не смееме да заборавиме да веруваме и да се молиме!

Исклучете ги вестите! Доволно е. Не му правете простор на мракот во срцето. Не дозволувајте да се случи тој хаос.

Злото може да биде поразено – но затоа мора да останеме храбри.

[post_tags]