Адријана Лима – Вонвременска убавица што знае да го украде шоуто

На фестивалот во Кан, во фустан на кој никој не остана рамнодушен, Адријана Лима беше вистинска сензација. Убавицата покажа феноменална трансформација на црвениот тепих на која никој не остана рамнодушен. Имено поводот беше премиерата на „Indiana Jones and the Dial of Fate“ на Канскиот филмски фестивал.

Бразилската убавица, за на црвениот тепих облече црн фустан што ја следеше линијата на нејзиното тело, истакнувајќи ги нејзините облини. Но, се е во деталите, па така големата жолта машна која го прекри грбот на Адријана, стигајќи до подот, всушност го украде шоуто.

Моделот на Victoria’s Secret е во центарот на вниманието за можното враќање на модните писти на брендот за долна облека.