Дајте му боја на секоја чинија и создадете живот во секој оброк. Во овој контекст, зборуваме за здравата исхрана и Ви нудиме рецепт за една витаминска салата, свеж рецепт кој ќе ве наполни со енергија.
За оваа витаминска салата
Потребни состојки:
- Eдно авокадо,
- Еден црвен кромид,
- Две јајца,
- Едно кисело јаболко,
- Една главица зелена салата,
- Конзерва од туна,
- Една црвена пиперка,
- Неколку црни маслинки
За дресинг:
- Сол,
- Сок од половина лимон
- Триесет милилитри маслиново масло.
Подготовка:
Сварените јајца се се сечат на четвртини и заедно со сецканата салата, јаболкото, авокадото, црвената пиперка и исцедената туна се мешаат во стаклен сад за да биде видлива убавуната на зеленчуковата боја. Се прелива со дресингот и се консумира во убаво расположение.