Не е лесно да си врботен и во Дизниленд! – Не смеат да зборуваат, а уште помалку да користат социјални мрежи!

дизниленд вработени


Не е лесно да работиш и во Дизниленд! Не смеат да зборуваат, а уште помалку да користат социјални мрежи!

Сигуруно некогаш сте се запрашале како е да работиш на насјовршеното место во светот? Една од тие совршени работни позиции замислуваме дека се наоѓа во најпопуларниот забавен парк во светот – Дизниленд. Но, дали навистина тоа е совршена работа? Ете како изгледа описот за работната позиција во Дизниленд.

Всушност насоките и правилата кои вработените на бајковитиот парк ги имаат, не се толку едноставни како што сме мислеле. Како и во секоја работа и тука, постојат добри и лоши страни. Имено правилата кои мора да се почитуваат од страна на вработените, се многу строги.

дизниленд работа

Техничи, секој од нив е дел од шоуто. Без разлика дали служи храна или е изведувач, секој има улога. Замислата е овој парк да претставува еден огромен театар. Така што, ако некогаш се најдете во оваа „бајка“, би требало да знаете дека никогаш не може да зборувате искрено со вработените, затоа што тие во мигот кога ви се обраќаат си ја „бркаат“ својата работа или ја играат дизниевата претстава. Актерите (вработените) треба да го глумат ликот од моментот кога ќе ја облечат својата униформа, до мигот кога завршуваат со своето работно време. Интересно е што во текот на целиот работен ден, тие мора да зборуваат за цртаните ликови, филмови и да го „возат“ филмот од Дизни универзумот.

…Но, и за да ја добиеш оваа работа и да му бидеш „колега“ на Снежана, не е баш лесно. За да добијат било каква улога, макар и хигиеничар, кандидатите мора да исполнуваат посебни услови. Што значи за Дизни не ти треба обично CV во кое би го наведил едноставното клише, како фактот дека ти си тимски играч, се снаоѓаш на работа под притисок или имаш посебно образование, дообразование, (посебни врски) и многу работно искуство. Затоа што ништо од овој свет не е обично. Секоја девојка која се пријавува на работна позиција „принцеза“ од најпопуларните долгометражни цртани, мора да биде висока помеѓу 175 и 180 см. Некои ликови отстапуваат од овие правла, меѓу кои е и Алиса од земјата на чудата.

Од косата, па се до рацете, тетоважите и ноктите, Дизни има многу строги правила и побарувачки за оние кои сакаат да работат за него. Но, кодексот на облекување после 2021 година, се променил. Па така, на актерската екипа, му се дозволува поголема флексибилност. Дозволени се тетоважи, посебен дизајн на нокти, а понекогаш дури и костими по нивни избор. Имено цел овој „луксуз“ до тогаш бил строго забранет, а сега, како се менуваат работите, така се менува и идејата на шефовите на Дизни. Целта е слободното изразување на индивидуалноста на актерите. Ништо помалку не се случува и кај мажите, па и кај нив е дозволено носењето на прстени и обетки.

Меѓу кодексот на однесување би го издвоиле најавтентичниот момент каде секој од вработните кои глумат одреден лик, без разлика на својот ракопис, мора да имаат автентичен потпис. Затоа што низ забавниот парк ќе ги сретнете Мики Маус, Снежана и останати принцеви и принцези, а најголемата радост за дечињата е кога тие им делат автограми. Затоа тие мора да имаат автентичен потпис кој ќе го опишува ликот, а се разбира и зад ова стои цела обука.

Има и такви кои не зборуваат. А тие се оние кои се облечени во целосен костум од глава до пети. Овие вработени, мора до крај да го играат својот карактер употребувајќи мимики и свој сопствен знаковен јазик кој ќе ги насмее и расположи посетителите. Кога сме кај дозволите, во случај да ви паднала на памет идеја да станете дел од овој тим, заборавете на социјалните мрежи. Никој од вработените не смее да се фотографира, а особено не треба да истакнува и да кажува кој лик го игра во дворот пред дизниевиот замок. Според креаторите, така само би се рушила вистинската магија!