На автопат во Австралилја се наоѓа една изненадувачки голема градба која ги збунува возачите. Станува збор за хотел кој всушност нема соби. Вистината е дека тоа е дело на канадскиот уметник Калум Мортон.
„Хотелот“ или макетата од големи размери е наречен East Link, направен е и „откриен“ е во 2007 година, на периферијата на Мелбурн , веднаш до автопатот. Инаку, неговата изградба, изнесувала 655 000 фунти или 1,2 милиони австралиски долари.
Интересно е што веб страницата на East Link Hotel соопшти дека бројката на возачи, клиенти кои сакаат да преноќат во него е голема, заинтересираноста за овој „лажен“ објект постојано расте, а веројатно и тоа му била идејата на уметникот, да привлече што повеќе публика.
Имено, Мортон околу самиот концепт за дизајнот на т.н. лажен хотел, ќе рече: „Возачите ќе го гледаат од автомобилот како вистински хотел и можеби, со текот на времето, како чудно намалена декорација што избегала од тематски парк или филмски сет“. Тој додава дека структурата е „ефективно огромна измама“ – зграда која била дизајнирана за украсни цели.
Што се однесува до градбата, хотелот е широк пет метри, а висок е 20 метри. Има бетонска и челична конструктивна рамка и стаклени панели. Она што е малку интригантно, е што уметничкото дело е некако и морничаво, затоа што дел од прозорците, се осветлени во текот на ноќта.
Сепак, некои се воодушевуваат на оваа скулптура, но веројатно има и такви кои си заминуваат разочарани затоа што по долгиот пат, човек очајно бара место каде ќе се одмори и ќе се разбуди свеж и подготвен за уште едно патувачко исуство. Подолу во текстот погледното го видеото.