И токму така, започнува ново поглавје.
Култната серија и ,,девојките” од ,,Сексот и градот”, се враќаат на сцена. Новата сезона од продолжението на серијата од 90тите, насловено како „И токму така“ („And Just Like That…“) се, враќа на 29 мај.
Од она што го видовме во трејлерот, врската на Ејдан и Кери станува комплицирана. А за да вметнат по,, сочни” сцени, (бидејќи идејата е сексот во градот), изгледа Кери ќе се сплетка со шармантниот сосед. (па мора да има дешавка за модната икона).
А штом сме кај модата, шоуто повторно изгледа го крадат најлуксузните брендови. Па централните ликови секако ги гледаме во луксузен аутфит (кој на овие,, свесни” генерации не им би им правел,, форест”. Затоа што да си признаеме, сите си мислевме дека сме Кери кога бевме малечки… Барем ние.. Од старото кино.)
LGBT не е толку нагласено, како во првите сезони на ,,And just like that”, a кога сме таму Миранда (чиј лик очигледно одамна замина од редовите на сопствениот каракер) е повторно вљубена во некоја колешка од работа. Сите го бараат Стив.
,,Младите” девојки повторно во потрага по љубов, во скапи чевлички и вечни љубовни проблеми се шетаат низ Њујорк, а интернетот… Што да ви кажеме. Преплавен е со лоши коментари и тоа од најверните фанови:
,,… Уште од сега знам дека ќе биде глупост, но знам и дека ќе го гледам до крај. ” Секако, има и такви кои сеуште не ја преболиле Саманта, а има и такви кои сметаат дека Шарлот се враќа во својот лик и конечно е онаа старата. Со многу пари, скапи бунди, секако чевли и аксесоари, на хероините од оваа сезона единствена преокупација им се глувците кои ,,се мотаат ” низ куќата на Кери. Но, Кери има мачка… И така.