Домашна библиотека – Вашето омилено катче за одмор

книжевно катче

„Дом без книги, е исто како просторија без прозорци. А тоа, знае да гуши.“

Ако и вие сте дел од оние луди вљубеници на пишаниот збор, сигурно знаете за што зборуваме. Ѕирнете во галеријата која ја „украдивме“ од Pinterest во продолжение и обмислете го вашето омилено катче. Имајте посебен свет од каде ќе ги гледате и разбирате нештата поинаку.

Освен овие предности, добивате и збогатување на ентериерот. Што се однесува до самиот дизајн на просторот, наш предлог е да се одлучите за што повеќе светлина, па од повеќе причини се препорачува ова катче да биде сместено покрај прозорец. Играјте со боите и текстурите и секако имајте удобна фотелја и голема библиотека што ќе ве инспирира.