Имаме пешачки,ама не се гледа. Ваљда ефтина бојата за варосвање и избледе.На шо дереџе е сообраќајот во Битола?!
Не се криви луѓето. Нити пешаците чинат, нити шоферите. Пешаците пцујат по шоферите, шоферите по пешаците. Ич не е чуден муабетО од таксист на пример, оти тие најНогу мака имат видено и велат:,,Детее тргни го тој мобилниО ко ќе Ојш на сред улица! Од кабадајлук ќе те изгазат!” Или пешак на шоферот:,,Ало не глеаш оти пешачки има?!” Сообраќајот во Битола!
Мамичките со колички се ,,најсилни” оти претрчват ко нинџи и се пикат кај шо не баш ги бери и апсолутно е неворед ако не му застаниш од сожалување. Па уште штрака штрука со штиклата пред кола пет сати дури не се испрцка.
Али од друга страна и тие морат да влезат во системО и да влегват клизачи кај ќе стигнат или од ,,кај Чкембарите” оти нема од кај да одат!
Никој не е за судење ко ќе видиш. Нити старите шо поминват дијагонално по најдолгиО пат на улица, или на сред улица, фала Богу избегнувајќи го пешачкиО и ко желки лазат и подзастанват.
Не се криви ни таксистите оти каснат ради диспечерката шо ти вели:,,За 15 мин. Нема за побрзо. Сакаш,нејќиш?” Нема такси, сите КромбеР се. И спечалија, па сега количината ги кршат по дупките. Сообраќајот во Битола
Стрито гној, пешачки нема, негде свети, негде угаснато, дупки колку да сакаш, кал до гуша, шахтите смрдат…Се молиме да не заврни многу, оти ќе се поплавиме. Али шибаме.
Не се криви никој. Зад секој стој приказна. Нити полицијата не е крива оти пиши казни. Така му е речено. Небитно на кој. Небитно кога. Си бил не си бил крив, ево ти казна бато. Не се криви семафорите шо не работат, ги искршиле. А и тие шо ги кршеле од мака со камен фрлиле. Не се криви и тие шо паркирале згорапреку, спремни за пајак да ги крени. Нема каде. Нема како. Згради изникнуват неплански, без паркинг и ниски тераси извадени појќе од дозволеното. Колку шо бери колата и колку шо не бери. Га* преку гла и 10 души ако треба ќе се настегат. Ќе се искористи и багажникО оти е многу јако. Сообраќајот во Битола
Јако е и на Булевар или Партизанска да ја јачиш колата ко несалам и да се понашаш ко на автопат као шо на пристоен ропак му прилега. Јако е и не се криви коњите шо чат пат ќе изнуждират негде на сред центар оти на Дулие одамна портите затворени се. Јако е шо секој втор има возачка со врски за да помини на трет пат. Побрзо не можи, мора да се плати и да те паднале.
Јако е… И никој не е крив! Оти шо треба бе сине!? Пази кај одиш! Али све е то Голич!