Животни лекции: „За кого малку не е доволно, ништо не е доволно!“

Животни лекции

Епикур рекол:„За кого малку не е доволно, ништо не е доволно“ . Оваа мисла на Епикур е повик за гледање на животот преку призма на благодарност и задоволство од она што веќе имаме. Наместо за постојано трагање за повеќе. Ова е само една од многуте животни лекции на Епикур. Истите, ни даваат до знаење дека вистинската радост е во едноставноста. Следејќи ги, се движиме низ врските со другите, низ скромноста и малите работи за да ги прераснеме стравовите.

Замислете, Епикур творел во п.н.е., а неговата филозофија е релевантна и денес. Епикур бил грчки филозоф кој ја развил филозофијата на епикуреизмот  што се фокусира на задоволството како највисока цел во животот и на избегнувањето на болката и стравот. Неговите идеи за умереност, пријателство и уживање во животот се исто така значајни и влијателни и денес. Филозофијата на Епикур континуирано влијае на размислувањето за смислата на животот, на среќата и на моралот во современото општество. Содржината на овие животни лекции ни нуди уникатен поглед во тоа како да го исцрпиме секој момент од нашиот живот и да живееме со задоволство и умереност:

„Пронајдете радост во малите работи“

Прославување на едноставните моменти кои „свесно или несвесно“, ги пропуштаме во секојдневието! Топлината, аромата на кафето и смеата на саканите се секогаш со нас. Да уживаме заедно!

„Ценете ги пријателствата“

Според Епикур, пријателствата се клучни за нашата среќа и исполнетост. Тие не само што ни пружаат поддршка во тешки моменти, туку и ги зголемуваат нашите радости во добрите времиња.

Времето посветено на одржување и негување на пријателствата е време кое е добро инвестирано, бидејќи тоа креира топлина и врска помеѓу луѓето.

„Живејте скромно“

Епикур ја пропагираше скромноста како пат кон вистинска среќа, велејќи дека прекумерната потреба за материјални нешта не ни носи вистинска среќа.

Преку намалување на нашите желби и потреби, можеме да откриеме задоволство во она што веќе го имаме, наместо да бидеме постојано несреќни поради она што ни недостасува. Скромноста ни носи мир и радост и ни помага да се фокусираме на вистинските вредности во животот.

„Соочете се со стравовите и прераснете ги“

Стравот не е само пречка за нашата среќа, туку и пречка за нашиот личен и професионален напредок. Според Епикур, соочувањето со стравовите е нешто што нѐ ослободува и дозволува раст.

Преку идентификување и предизвикување на нашите стравови, можеме да откриеме нови можности и да се ослободиме од „синџирите“ кои не нѐ оставаат  да напредуваме. Ако се ослободиме од нив, отвараме врата кон исполнет живот.

Заклучок:

Епикур ни предаде вредни учења што имат релеванција и денес. Неговите идеи за среќата, умереноста и пријателството не само што остануваат живи, туку и нѐ поттикнуваат да размислуваме за смислата на животот и моралните вредности.