Запечени солени палачинки со спанаќ и сирење – неодоливо уживање. Совршен избор за брз, вкусен и хранлив оброк. Оваа комбинација на нежни палачинки, ќе ги воодушеви сите љубители на добрата храна. Одлични се и топли и ладни, како предјадење, вечера или вкусен појадок кој ќе ве држи сити подолго време.
Со запечени солени палачинки на вашата трпеза, ќе внесете малку гурманско уживање во вашето секојдневие, со минимален труд, а максимален вкус. Ќе ве освојат со својата крцкава кора, богатиот фил и кремастиот прелив кој создава перфектен баланс на вкусови.
Состојки:
За палачинките:
2 јаца
200 мл млеко
200 мл. минерална вода
200 гр. брашно
Прстофат сол
Масло за пржење
За филот:
300 гр. Свеж спанаќ
259 гр. Сирење (по избор)
1 јајце
Сол и бибер по вкус
За преливот:
200 мл. павлака за готвење
100 гр. Рендан кашкавал
Начин на подготовка:
Во голем сад изматете ги јајцата, додадете го млекото и минералната вода, па постепено додавајте брашно и сол. Мешајте додека не добиете мазна смеса.
Загрејте тава со малку масло и печете тенки палачинки од двете страни до златно-кафеава боја. Оставете ги на страна.
Измијте го спанаќот и кратко бланширајте го во врела вода, потоа исцедете го и ситно исечкајте.
Во сад измешајте го спанаќот со сирењето, сол и бибер.
Ставете по една лажица од филот на секоја палачинка и свиткајте ја во ролна.
Наредете ги наполнетите палачинки во подмачкан огноотпорен сад, прелијте ги со павлака за готвење и посипете со рендан кашкавал.
Печете во загреана рерна на 180°C околу 202 – 25 минути, додека не добијата златно – румена кора.
Послужете ги топли, со свежа салата по ваш избор. Овој лесен, но извонредно вкусен оброк сигурно ќе стане ваш омилен!
Добар апетит!