Тетстенините припаѓаат на италијанската храна, но што би се случило кога различните кујни би се споиле во едно. Добивате совршен микс од вкусови, овој пат со егзотчен шмек.
Па, ако ви здосадиле рецептите за класични подготовки на тестенини, имаме совршен рецепт за вас. Она што треба да го додадете е само едно нешто што вообичаено не би го додале. Кари.
Состојки:
500 гр шпагети или тестенини по избор,
150 гр кари,
1/2 кг печурки,
125 гр путер,
1,5 дл бело вино,
сок од 1/2 лимон,
1 рака суво грозје,
сол
бибер
ПОДГОТОВКА: Сварете ги тестенините во зовриена вода, процедете ги и оставете ги на страна. Исчистете ги печурките, исечете ги на ленти и пржете ги во путер со додавање бело вино и кари, сол и бибер по вкус. На крајот додадете неколку капки сок од лимон. Динстајте уште неколку минути, и додадете сувото грозје. Тргнете ги од оган прелијте го сосот врз тестенините. Послужете додека е топло.