Дали воопшто сте претпоставиле дека стресот може да биде позитивен? Ако сте го знаеле тоа, тогаш знаете дека има мотивирачки стрес. Тој не поттикнува да поминеме низ одредена развојна фаза со краен исход на самосвест.
Eustres е точно таков стрес. Да појасниме: Стресот, односно конкретно овој стрес го доживуваме за време на позитивни изненадувања или некои значајни промени како вработување, промена на работно место, преселба, свадба, раѓање на дете.
Овие нови случувања се поврзани со позитивни емоции и покрај грижите и прашалните зборови кои ни се вртат во главата од типот:
„Како ќе биде?“, „Ќе успеам ли да се адаптирам ?“ „го можам ли јас тоа?“ и милион вакви други прашалници. Кога и да не обземат , истовремено во нас се јавува позитивно чувство на радост и среќно исчекување. Во истиот момент, многубројните негативни прашалници се нихелираат и се создава слика на проширена перспектива. Зошто? Зато што се чувствуваме посилни и самосвесни. Се ангажираме на позитивен начин, ја вложуваме нашата витална сила, време и знаење. Конечниот исход е триумф на задоволство и исполнетост.
Да заклучиме и поткрепиме со факти: зборот „eustres“ потекнува од грчкиот префикс „eu“ што значи „добро“ и теминот „stres“ -затегната состојба. „Distres“ се однесува на деструктивен, негативен стрес. Оваа разлика во термините, ни помага да се истакне дека не секој стрес е негативен. Позитивниот стрес-EUSTRES , нѐ радува и корисен е за нашето здравје. Ако животот ретко не изненадува со нови случувања, тогаш ние да го изненадиме со секојдневното креирање на мали промени на одличен начин. Искуства со нови возбудливи предизвици за создавање-eustres.