Не знаеме за вас, но нам првата асоцијација за лето и плажа, ни е МОХИТО! Со две Мохито до Долче Вита – Коктел што мириса на возбуда, а ако до сега не сте научиле рецепт, еве го оригиналот.
Ниту еден коктел не го доловува духот на возбудлива летна ноќ како мохито. Имаме рецепт за него, а и безалкохолна верзија!
Сместете се на удобна тераса (чисто колку да ја отворите сезоната) и уживајте! Почувствувајте ја возбудата на летната ноќ!
Оригинално Мохито рецепт:
Состојки:
50 мл бел рум
1 лимета
2 лажици шеќер
6-8 листови свежо нане
минерална вода и
мраз
Инструкции:
Подгответе ги лиметата и нането. Исечете ја лиметата на четири делови и ставете ја во висока чаша заедно со нането и шеќерот. Здробете ја лиметата за да се ослободи сокот и да се раствори шеќерот. Притиснете го нането за да се ослободи мирисот.
Наполнете ја чашата со мраз и истурете бел рум врз мразот. Додадете минерална вода до врвот на чашата . Декорирајте со листови нане и парче лимета. И тоа е сè. Уживајте!
Ако пак претпочитате безлкохолно Мохито, постапката е иста. Се разбира, не додавајте бел рум. За дополнителен вкус, вклучете сок од јаболко или грозје. За повпечатлив вкус, може и исцеден сок од краставица.
И… Летото може да започне што и?