Вкусно, неодоливо и лесно: Пудинг од ванила направен без капка млеко

пудинг од ванила

Рецепт за пудинг од ванила направен без капка млеко

Десертот е најдрагото задоволство кое доаѓа како перфектен гурмански финиш на оброкот. Овој пат ви нудиме предлог рецепт кој го ѕирнавме од страницата на Punkufer. Лесен, едноставен и неодолив. најинтересното: Се подготвува без капка млеко. А е пудинг нели?

Со овој десерт, ќе ги задоволите апетитите на сите ваши гости, затоа што рецептот се прилагодува на најразновидните групи. Така, дури и оние кои не јадат храна од животинско потекло, ќе уживаат во сервираниот еликсир што ќе се топи во уста.

Наместо кравјо млеко, пудингот може да се направи со напиток од растителна соја, кој исто така е полн со протеини и може да доведе до покремаста текстура на десертот, советува оригиналниот текст.

За да добиете совршен вкус на ванила, треба да користите вистински екстракт од ванила, а не неговите евтини алтернативи.

рецепт за пудинг од ванила
Milk pudding dessert berry. Mint sweet. Generate Ai

Состојки за пудинг од ванила:

500 мл пијалок од соја
70 грама шеќер
3 супени лажици пченкарен скроб
1 лажица екстракт од ванила
прстофат сол

Подготовка:

Во големо тенџере измешајте ги шеќерот, пченкарниот скроб и солта. Добро измешајте и постепено додајте го напитокот од соја;

Додадете го пијалокот со постојано мешање за да се ослободите од грутките;

Гответе ја смесата на тивок оган околу 15 минути додека не се згусне;

Тргнете го тенџерето од оган и додадете го екстрактот од ванила и убаво измешајте;

Оставете ја смесата да се излади и ставете ја во фрижидер два до три часа;

Послужете го пудингот ладен со овошје, чоколадо и јаткасти плодови по желба.