Стариот, добар и испробан рецепт за ајвар од печени пиперки

рецепт за ајвар recept za ajvar разбудисе

Во овие есенски денови, миризбата на пиперките е неоддолива. Прочитајте го највкусниот рецепт за ајвар од нашите баби.

Ја пакуваме оригиналана содржина од неодоливиот мирис што секогаш не враќа во едни безгрижни денови од нашето детство кога се радувавме на парче леб намачкано со највкусниот рецепт за ајвар, се разбира секогаш направен од вештите раце на нашите баби. Нема поубаво спакувана тегла од онаа која со мерак ја правеа.

recept ya ajvar
рецепт за ајвар
разбудисе

За приготовка на овој рецепт одберете месести црвени пиперки без разлика на нивната форма и големина.

На самиот почеток исчистете еден килограм црвени пиперки, две до три лути пиперки, триста грама модар патлиџан, две чешниња лук.

Исечете ги на помали парчиња. Продолжете со маринадата  и доведете ја до вриење. Она што ви е потребно за маринадата е еден литар вода, една лажица шеќер, една лажица сол, два децилитри масло и две до три лажици оцет.

Откако сте ја довеле маринадата до степен на вриење додате ги пиперките и модриот патлиџан  и бланширајте неколку минути на висока температура . Бланшираниот зеленчук исцедете го и измелете го. Додајте ги солта, шеќерот, лутата пиперка и сецканиот лук. На загреано масло, пржете ја смесата  околу половина час. На крајот се додава оцетот, се истура во тегли и се пастеризизира.

Од приготвената количина добивате три тегли од 370 милилитри.

Извор