И кога ги имаш, ги немаш. Кога ги немаш, ќе ги имаш. Ама едно е сигурно. Парите некогаш се тука, ќе дојдат и ќе си одат и повторно ќе дојдат, но нас ќе не нема.
А дотогаш, дури сме овде на Земјата, главоболки, забоболки и болки од секаков вид. А има. Не дека нема и радости и веселби и празнувања. Но, што е „врзано“ со нив? Секако – парите. Тие се и НАЈМАЛ И НАЈГОЛЕМ ЗАЕДНИЧКИ СОДРЖАТЕЛ.
Поконкретно, да ја „решиш“ болката, треба да купиш лек. Да ја „решиш“ свадбената церемонија, ПАК ти требаат пари. И да се радуваш и да боледуваш, парите „треба и мора да ги имаш“. За да бидеш здрав ти треба квалитетна храна и сѐ што е поврзано со квалитетни ресурси за убав живот. За да ја задржиш радоста и мирот во куќата, ти треба материјална сатисфакција. Духот, присутен е секако и „ангаже со парите“, ама дух како дух, некако, не се гледа. Невидлив е.
И така кругот на животот „се врти и одвртува“ и од ден на ден кога ќе се видиш во огледало, се прашуваш, која е оваа непозната , несимпатична и непривлечна фаца? Само до вчера, друго гледав во огледалото!
Ама добро, тоа е тоа. Таков е животот. Што да се прави, одиме понатаму – next level.
Во контекст на вечно интригантната тема, прочитајте што велат некои „популарните умови“ за парите:
„Се што можеш да средиш со пари е ефтино“. – Ерих Марија Ремарк
„Кога бев млад мислев дека парите се најважната работа во животот, сега кога сум стар, знам дека се“. – Оскард Вајлд
„Кога некој ќе рече „ не се парите, туку принципот на работа“, тоа се парите“. -Кин Хабард
„Не забележав дека чесноста на мажите се зголемува со нивното богатство“. – Томас Џеферсон
„Ако сте емотивни и одлични во нешто, парите ќе следат“. – Роберт Херјавец
„Парите се само алатка. Ќе ве однесе каде што сакате, но нема да ве замени како возач“. – Ајн Ранд
„Парите се кислород на капитализмот и сакам да дишам повеќе од кој било жив човек“. – Леонардо Ди Каприо (како Џордан Белфорт), Волкот од Волстрит
„Инвестирањето на хартија е како да читаш романтичен роман наспроти да правиш нешто друго. Наскоро ќе дознаеш дали ти се допаѓа. Колку порано почнете, толку подобро“. – Ворен Бафет
„Ако берзанските експерти беа толку стручни, ќе купуваа акции, а не ќе продаваа совети“. – Норман Р. Аугустине
„Една од смешните работи на берзата е тоа што секој пат кога некој купува, друг продава и двајцата мислат дека се остроумни“. – Вилијам Федер
„Сакаш да знаеш како звучат парите? Оди на трговскиот кат на Вол Стрит“. – Леонардо Ди Каприо(Џордан Белфорт), Волкот од Волстрит
„Богатите луѓе остануваат богати живеејќи како да се скршени. Скршените луѓе остануваат скршени живеејќи како да се богати“.-непознат автор
„Парите ако не ти донесат среќа, барем ќе ти помогнат да бидеш безгрижно мизерен“ – Хелен Герли Браун
„Не ми е галје што ќе велат. Да се биде богат е добра работа“. – Марк Кубанн
„Во ред е да ги имаш сите јајца во една корпа сѐ додека контролираш што се случува во таа корпа“. – Илон Маск
„Има луѓе кои имаат пари и луѓе кои се богати“. – Коко Шанел
„Целта не е да се збогатиме. Целта е да се живее богат“. – Дарен Харди
„Ако рајот гледаше на богатството како вредна работа, немаше да му ги даде на таков никаквец“. – Џонатан Свифт
„Мора да стекнеш контрола над твоите пари или недостатокот од нив засекогаш ќе те контролира“. – Дејв Ремзи
„Единствена разлика помеѓу богат и сиромашен е како тие го користат своето време“. – Роберт Кијосаки
„Парите и жените се најбараните и најмалку познатите од двете работи што ги имаме“. – Вил Роџерс
„Разликата помеѓу успешните и другите е колку време поминуваат сожалувајќи се себеси“. – Барбара Коркоран